Френк Лампард го држи Манчестер сити во игра за титулата во Англија, а денеска искусниот играч што дојде од Челси со гол му донесе победа на својот нов тим. Сити славеше со 1-0 на гостувањето кај Лестер и го задржа чекорот со лидерот Челси, кој лесно го победи Хал со 2-0.
Во Лондон прецизни беа Азар и Коста за продолжен престој на првото место со 39 бода по 16 кола.
Манчестер сити има 36 и тоа се единствените два тима што имаат повеќе од 30 бода во Премиерлигата.
Резултати: Челси – Хал 2-0, Лестер – Манчестер сити 0-1, Барнли – Саутемптон 1-0, Кристал Палас – Стоук 1-1, Сандерленд – Вест Хем 1-1, ВБА – Астон Вила 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


