| четврток, 6 декември 2018 |

МВР се сомнева за вмешаност на полициски службеници во аферата „Чекан“

МВР најави дека ќе спроведе истрага и во редовите на гостиварската полиција поради сомневање за поврзаност на службени лица со криминалната група од аферата „Чекан“.
Ќе се утврдува дали гостиварските полицајци ги затајувале пријавите на граѓаните за насилство, рекет и лихварство и другите дела за кои е осомничена групата.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вели дека постои сомнеж дека службени лица ги злоупотребувале своите овластувања.
Полициската акција „Чекан“ беше спроведена пред неколку денови, во која беа уапсени 15 лица, додека по првоосомничениот Фадил Арслани и уште тројца други, се уште се трага.
Осомничените се товарат за кривичните дела – злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top