Борусија Дортмунд годинава има две лица, едното одлично во Лигата на шампионите, а второто лошо во Бундеслигата. Поразите се редат во германското првенство за некогашниот европски првак, а денеска подобри од „милионерите“ беа фудбалерите на Хертта.
Во Берлин домаќините славеа со 1-0 со голот на Јулијан Шибер во првото полувреме. Интересно е што Шибер порано играше токму за Борусија Дортмунд. Со победата Херта ја избегна опасната зона и има 17 бода, а ја турна Борусија назад на 16. позиција, која води во понизок ранг.
Баерн Минхен не запира со успешни настапи и сигурно чекори кон нова титула. Во регионалното дерби Баварците го совладаа Аугсбург со 4-0, со два гола на Робен и по еден на Бенатја и на Левандовски.
Изненадување приреди Келн со победа против Шалке 04 во Гелзенкирехен со 1-2, а фестивал од погодоци имаше на дуелот меѓу Вердер и Хановер, меч што заврши со резултат 3-3. Единствен дуел на кој попладнево немаше голови ењ меѓу Фрајбург и Штутгарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



