Анџелина Џоли нема да присуствува на премиерата на својот нов филм „Unbroken“, која е закажана за понеделник во Лос Анџелес.
Од „Universal Pictures“ е соопштено дека Џоли има варичела (овчи сипаници) и дека нема јавно да настапува наредните денови за да го промовира филмот чиј режисер е таа.
На премиерата Џоли ќе ја претставува нејзиниот сопруг Бред Пит и децата. Таа на своите фанови преку „Јутјуб“ им порача дека филмот многу и значи и додава дека ќе „седи дома, ќе се чеша и ќе мисли на нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


