| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанка трпи закани и ќотек три години по разводот

И три години од разводот, 49-годишна струмичанка нема мир од насилниот сопруг. Мајката на две малолетни деца, која не сака да го открие идентитетот, постојано трпи насилство од екс сопругот – и дома и на работа. Иако има правосилна одлука за затворска казна, тој се уште е на слобода. Според надлежните, немало место ниту во еден од затворите во Гевгелија, Радовиш и Струмица, јавува „Канал5“.

– Ќе ве најдам во Пробиштип, ќе ве запалам сите – со овие зборови поранешниот сопруг и се заканувал струмичанката.

Таа во страв и агонија, и буквално е изложена на тортура од насилниот поранешен маж. Цела деценија трае ова насилство, најпрво само психичко, а откако пред 3 години официјалчно се развеле, насилникот станал уште полош. Ги следи на секој чекор, а од наеодамна почнал и физички да ги малтретира.

Нема закон за да се спречи насилниот маж. Иако има забрана за приближување, кон поранешната сопруга, не ја почитува. Од пред половина година е осуден на затвор, а веќе една недела и одлуката е правосилна, но во три затвори во Радовиш, Струмица и Гевгелија немало слободно место за да ја одлежи казната.

Небезбедна, исплашена жената чека државата да ја заштити. Во меѓувреме, институциите си ја префрлаат топката и се правдат со ограничени ингиренции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top