| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Грчев уште во 90-тите години предлагал државен грб со лав (фото)

Предлогот на Мирослав Грчев во деведесетите

Предлогот на Мирослав Грчев во деведесеттите години на 20 век

Мирослав Грчев, покрај дизајнот на државното знаме, има изработено и предлог за македоснки грб. Неговиот дизајн наликува на новиот предлог на македонската влада. Како симбол за земјава тој го предложил лавот. Неговиот предлог бил жолт лав на црвена заднина.

Според Здружението на хералдичари, во земјава првиот обид за решавање на проблемот со државниот грб потекнува од 1992 година кога е даден предлог државниот грб да биде базиран на знамето, црвено, 16-крако сонце од Кутлеш (ѕвездата од Вергина), со додаток на стилизирана буква „М“ и со брановидни линии во основата.

grcev

Овој предлог не добил поддршка во Собранието поради проблемот со Грција која смета дека 16-кракото сонце на Вергина е само грчко. Следуваат неколку обиди да се стави на расправа закон за грб со истото графичко решение кое денес го предлага владата на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и решението на Грчев, кој го опишува истиот грб – со лавот како симбол. Овие предлози, кои потекнуваат од десниот, наци­онален блок, никогаш не се ставени на расправа во Собранието.

Предлогот на сегашната Влада

Предлогот на сегашната Влада

Хералдичарите посочуваат дека социјалдемократите не го прифаќале земскиот грб зашто го сметале за бугарски и партиски симбол на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, земскиот грб би бил најдобро решение за грб на Република Македонија бидејќи тој претставува континуитет од преку 400 години.

grcev2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top