Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, оствари средба со уметниците од локалнатa самоуправа во првата општинска библиотека, која деновиве и официјално ќе биде отворена во Домот на културата „Илинден“.На средбата се разговарало за развојот на културно-уметничкиот живот во општината, како и за максималното искористување на просторните можности што ги нудат новоизградените и реконструирани домови на култура што беа опфатени со проектот „Десет домови на културата“, информираат од Општина Илинден. Музичари, поети, ликовни уметници, членови на друштвата за народни песни, игри и ора присуствувале на средбата. Во своето излагање градоначалникот Стојановски истакнал дека минатата година била посветена на изградба на инфраструктурни објекти од областа на културата, како и поддршка на многу културни манифестации, што ќе продолжи и во наредниот период. Домот на културата „Илинден“ се простира на површина 900 квадратни метри. Располага со галерија за ликовни изложби, сала за приеми и одржување свечени настани, сала за кинопроекции, театарски претстави и фолклорни манифестации, општинска библиотека, конференциска сала, сала за венчавки, информатичко-комуникациски центар, како и простории за здруженија и невладини организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата