| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов: Дедо ми Петре покоен оваа година ми направи многу голем проблем

Ле­то­во во ед­на ку­ти­ја нај­дов­ме не­кол­ку ши­ши­ња „сме­де­ре­вка“ и ед­но ши­ше „кле­ко­ва­ча“ од 1974 го­ди­на. Точ­но 40 го­ди­ни ста­ро. Ко­га дој­дов­ме во Слеп­че, го отво­рив, крц­на... лек... Се на­пив две со при­ја­те­ли­те од Слеп­че и мно­гу уба­во ми дој­де. Ова ко­ке­ти­ра­ње со до­маш­на­та ра­ки­ја мо­же­би ми бе­ше гре­шка, но уба­во ми бе­ше.

dzambazov

Што ќе до­би­е­те ако Игор Џам­ба­зов ре­ши да рас­ка­жу­ва за сво­јот жи­вот? 250 стра­ни­ци фан­та­стич­но, за­бав­но че­ти­во пол­но со ху­мор, куп ко­мич­ни пре­свр­ти и не­ве­ро­јат­ни си­ту­а­ции, пи­кан­те­рии, ин­три­ги, и најм­но­гу од сѐ – искре­ност. И се­то тоа за­чи­не­то со не­по­втор­ли­ви­от, за Игор тол­ку пре­поз­нат­лив, стил на рас­ка­жу­ва­ње. Со не­го раз­го­ва­рав­ме не­кол­ку де­на пред про­мо­ци­ја­та на де­сет­те  при­каз­ни, кои, ве­ру­вај­те, ќе ви да­дат де­сет при­чи­ни за по­втор­но да ги про­чи­та­те, и по­втор­но, и по­втор­но…

 Отка­ко се соб­ле­че, Игор се­га се об­ле­че…

Џам­ба­зов: Да, еве, се об­ле­ков (се смее). Бла­го­да­ре­ние на Еле­на Лу­ка. Изг­ле­да ѝ здо­деа да ме гле­да ка­ко па­рас­пур, па са­ма се ја­ви, со по­мош на Вес­на Беј­би Пе­тру­шев­ска. Ми на­пра­ви не­кол­ку ком­би­на­ции, по из­бор на Де­ки, еден од неј­зи­ни­те ди­зај­не­ри.

Се об­ле­че и во кни­ги­те. По „Гол чо­век“ и „При­рач­ник за ан­ти-ан­ти­ал­ко­хо­ли­ча­ри“, во „При­каз­ни од Мја­у­ке­до­ни­ја“ имав­ме ед­но нор­мал­но се­којд­не­вие низ очи­те на ед­на мач­ка. Се­га сле­ду­ва „Об­ле­чен чо­век“.

Џам­ба­зов: „Об­ле­чен чо­век“ е ед­на кни­га рас­ка­зи од 80-ти­те и од 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. При­каз­ни од мо­е­то дет­ство, мо­ја­та мла­дост… при­каз­ни кои це­ли­от жи­вот ги рас­ка­жу­вам на мо­и­те најб­ли­ски при­ја­те­ли, но не сум ги рас­ка­жал јав­но. Тоа се при­каз­ни­те што, ка­ко та­тко ми Џам­баз, ги рас­ка­жу­вам ве­ќе 20-25 го­ди­ни, по­не­ко­гаш се слу­чу­ва и на исти­те лу­ѓе по не­кол­ку па­ти, но ни­ко­гаш не се слу­чи­ло да ги фи­лу­вам за­тоа што се ви­стин­ски, чо­веч­ки и воз­мож­ни, иа­ко во жи­во­тот одам­на сѐ е не­воз­мож­но. Тоа се обич­ни при­каз­ни за љу­бо­вта, ду­хов­но­ста, без­гриж­но­то дет­ство, по­ве­дра­та стра­на од мо­јот жи­вот. Глав­но, се при­каз­ни за же­ни кои се за­шти­те­ни со псев­до­ни­ми. Си­те дру­ги се со ори­ги­нал­ни­те ими­ња или пре­ка­ри. Ста­ну­ва збор за же­ни што де­не­ска има­ат се­мејс­тва, а ма­жи­те се чуд­на ка­те­го­ри­ја, па ги за­шти­ту­вам за да не дој­де до не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци. Но, не­ма лош збор во кни­га­та. Во мо­јот жи­вот же­ни­те би­ле по­себ­но пог­лав­је.

И досега во твоите книги главно немало лош збор за жените.

Џам­ба­зов: Имало за неколку кога сум бил лут, па сим им враќал на таков начин. Јас сум човек што простува, ама не заборава. На некои им простив, ама не им заборавив, а на некои им простив, ама и им заборавив.

dzamabzov

Зар по тол­ку рас­ка­жа­ни при­каз­ни за же­ни­те оста­на не­ко­ја не­ра­ска­жа­на?

Џам­ба­зов: Не­кои не би­ле јав­ни лич­но­сти, па сме­тав де­ка не се ин­те­рес­ни. Иако и дел од тие жени ги има во книгата. Не­мам по­себ­ни рас­ка­зи за нив, се пров­ле­ку­ва­ат низ дру­ги рас­ка­зие ка­ко об­јас­ну­ва­ње на не­ко­ја за­да­де­на те­ма. Пре­ку пе­де­сет про­цен­ти во кни­га­та се љу­бов­ни при­каз­ни. Глав­но, не­среќ­ни љу­бов­ни при­каз­ни во кои жр­тва­та сум бил јас и обич­но ста­ну­ва збор за до­ми­нант­ни же­ни во чи­и­што ра­це сум бил играч­ка. Како во цртаниот филм кутриот Том беше играчка во нејзините раце. Се работи за доминантни, моќни жени. Ова е при­каз­на за же­ни­те што ме на­пра­ви­ле маж.

И до­се­га же­ни­те би­ле прет­ста­ве­ни под псев­до­ним во тво­и­те кни­ги, и не са­мо же­ни­те, ту­ку и си­те ли­ко­ви, па не­ка­ко љу­бо­пит­но­ста нѐ на­те­ра да ги откри­е­ме си­те.

Џам­ба­зов: Да, но ни­кој ни­ко­гаш не се ја­ви да се пожали и да ка­же де­ка тоа не било  та­ка. Така ќе биде и овојпат, верувам. Особено поради фактот што веќе ти го кажав дека ниеден лош збор. Ги опи­шу­вам та­кви ка­кви што би­ле, та­ка ка­ко што би­ло, и тоа не е ни­ка­ков пре­стап. Единс­твен проб­лем ми е ка­ко да ги по­ка­нам. По­ба­рав со­вет од То­ни Ми­хај­лов­ски ка­ко да го из­ве­де­ме тоа, ре­че ќе ми по­мог­не. Пак ти вика, мажите, особено сопрузите знаат да бидат незгодни. Тоа денес се сериозни жени, со деца, семејства.

Покрај љубоните приказни има приказни посветени на Петре Прличко, на Анче Џамбазова..Ко­ја е при­каз­на­та по­све­те­на на ма­е­стро Але­ксан­дар Џам­ба­зов?

Џам­ба­зов: Пр­ви­от рас­каз, кој се ви­ка „Ма­е­стро“.

Та­ка ка­ко што тој са­ка да го ос­ло­ву­ва­ат.

Џам­ба­зов: Да, ка­ко што го ос­ло­ву­ва­ат од пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та до па­зар­џи­ја­та што му про­да­ва со­ко­ви за ме­не со по­ми­нат рок. Сите го  ословуваат така и тој ужива во тоа. На­ви­сти­на е ма­е­стро. Ги има не­кол­ку та­кви за кои умет­но­ста не е фо­ли­ра­ње, не­ма ком­про­ми­си, не се бит­ни па­ри­те – има чи­ста умет­ност или нема уметност. Та­ка жи­вее и, ве­ро­јат­но, та­ка ќе жи­вее до кра­јот на сво­јот жи­вот. Но, ова се не­го­ви при­каз­ни од вре­ме­то ко­га ние сме би­ле де­ца, ко­га јас сум бил сту­дент. Приказни кои произлегле од таа негова уметничка изгубеност која не ја фолирал, не ја играл, не ја драматизирал. Има мно­гу смеш­ни при­каз­ни за тоа ка­ко пра­ви рас­ол­ни­ца, ка­ко ја по­пра­ва га­ра­жа­та, ка­ко го по­пра­ва авто­мо­би­лот, до тоа ка­ков му бе­ше не­го­ви­от од­нос кон ме­не до­де­ка јас си го ба­рав па­тот во жи­во­тот и тоа е ве­ро­јат­но ед­на од најс­меш­ни­те при­каз­ни. Ед­на од пос­лед­ни­те при­каз­ни е „Ман­да­на­та“ по­све­те­на на де­до ми Пе­тре. Ус­пе­ав да со­бе­рам при­каз­ни за не­го кои до­се­га јавно не сум ги рас­ка­жу­вал и мис­лам де­ка ќе би­де осве­жу­ва­ње за ге­не­ра­ци­ја­та што го па­ме­ти, да доз­нае не­што но­во за Пе­тре Пр­лич­ко, а но­ва­та, младата ге­не­ра­ци­ја што и онака не ја интересира, ќе про­чи­та не­кол­ку ду­хо­ви­ти де­ло­ви без да ја ин­те­ре­си­ра кој бил тој чо­век. Тие се смешни сами по себе, без разлика кој ги направил. А ако знаеш дека ги направил еден таков великан, како Петре Парличко, тогаш добиваат на значење. Има и при­каз­на што се вика „Скопје, Сарај Матка и Водно, за песната на Венко Андоновски што јас ја изведувам, за тоа ка­ко е сни­ме­на „Скоп­је-Са­рај-Ма­тка“. како сме дошле до тој резултат, како ја однесов таа приказна во Сараево уште кога беше војната, па на тамошното Радио слободно Сараево, познатата пејачка на „Амбасадори“ Исмета Дервоз Крвавац ја пушти. Има при­каз­на „Пор­но“ за ерот­ски­те и за пор­но­фил­мо­ви­те со кои сме израс­на­ле, за тоа ка­ко сме оде­ле во Вар­дар 1 и 2 да ја гле­да­ме „Ема­ну­е­ла“. Има еден убав предговор, вовед во целата приказна, и еден кус ама ефективен епилог. Тоа се првата и десетата приказна. Во секој случај на тие што ги чи­та­ле мо­и­те кни­ги ова ќе им биде че­тврт бу­рекче со јо­гурт­че што ќе го лапнат, онака…

Игор е во ед­но но­во пог­лав­је од жи­во­тот – без ал­ко­хол че­ти­ри и пол го­ди­ни, пер­и­од во кој не се крие од ни­ко­го. 

Џам­ба­зов: Да ти ка­жам, де­до ми Пе­тре по­ко­ен оваа го­ди­на ми на­пра­ви мно­гу го­лем проб­лем. Ќе речеш како?! Еве ќе ти кажам.  Се­леј­ќи не­кои ра­бо­ти од Скоп­је до Слеп­че, го пу­штив Трен­да­фил мој горе кај та­тко ми да по­ба­ра не­кои ку­тии во кои чу­вав ал­бу­ми со фо­то­гра­фии, не­кои од мо­и­те на­гра­ди што ми не­до­сти­гаа. Успеал да најде две-три. Во ед­на од ку­ти­и­те нај­дов­ме не­кол­ку ши­ши­ња „сме­де­ре­вка“ и ед­но ши­ше „кле­ко­ва­ча“ од 1974 го­ди­на. Точ­но 40 го­ди­ни ста­ро шише. Ко­га дој­дов­ме во Слеп­че, се собраа пријателите мои да ме пречекаат, го отво­рив, крц­на… лек… Се на­пив две со нив и мно­гу уба­во ми дој­де. И не за­вр­ши ту­ка, Слеп­че и око­ли­на­та се поз­на­ти по до­бри ра­кии. До­бра­та ра­ки­ја во уме­ре­ни ко­ли­чи­ни знае да би­де лек. Се по­го­ди ту­ка отво­ра­ње­то на Де­мир­хи­сар­ско­то кул­тур­но ле­то 1000 години, не можам да оддолеам 25-го­диш­на ра­ки­ја… Мо­јот ро­ден­ден, па се­стра ми дој­де со зет­че­то…, та­ка што не­кол­ку па­ти си доз­во­лив да се по­че­стам со до­маш­на ра­ки­ја. Но, ко­га дој­дов во Скоп­је, си ре­ков не, ту­ка не­ма по­тре­ба. Ова лето сфатив дека, иако ни­ко­гаш не се са­мо­за­ла­жу­вам, де­ка мо­жам да го кон­тро­ли­рам тоа за­што уште ми е страв. Ни­ка­де не на­пи­шав де­ка не­ма ве­ќе да пи­јам. Таква реченица нема. Ова ко­ке­ти­ра­ње со до­маш­на­та ра­ки­ја ова лето мо­же­би ми бе­ше гре­шка, но уба­во ми бе­ше. Сфатив де­ка сум без­о­па­сен и за се­бе и за око­ли­на­та, два­па­ти ду­ри и пре­те­рав­ме. Ќе ми ја да­дат ги­та­ра­та, ќе сви­рам до 6 са­бај­ле и ќе си зас­пи­јам ка­ко бе­бен­це.

На­пи­ша но­ва, по­и­на­ква кни­га. Во­диш нов, по­ми­рен жи­вот. И ту­ка е ко­мен­та­рот – се на­шол во без­из­лез­на си­ту­а­ци­ја.

Џам­ба­зов: Така е!

Зо­што на лу­ѓе­то им е ло­шо ко­га на Игор му е до­бро?

Џам­ба­зов: И јас се пра­шу­вам, и тоа е ед­на од клуч­ни­те ре­че­ни­ци во пред­го­во­рот. Не раз­би­рам зо­што е тоа та­ка. Зо­што има лу­ѓе што ужи­ва­ат ко­га не ти е до­бро? Зо­што не се ра­ду­ва­ат ко­га те­бе ти е до­бро? То­гаш нив им е ло­шо. Јас сум ба­рем чо­век што не се за­ме­ру­вал со мно­гу лу­ѓе. Не сум иста­пу­вал јав­но со по­ли­тич­ки ста­во­ви, ба­рем не во пос­лед­ни­те 12 го­ди­ни. Последен пат 2002 година кога бев независен кандидат на парламентарните избори. Мо­же­би има лу­ѓе на кои не им е јас­но ка­ко јас не сум се де­фи­ни­рал јав­но. Јас сѐ уште сме­там де­ка не­ма по­тре­ба умет­ни­кот да се де­фи­ни­ра јав­но. Во оној мо­мент ко­га ќе го на­пра­ви тоа, лу­ѓе­то го пре­поз­на­ва­ат са­мо по тоа. Па, та­ка ко­га ќе го игра глав­ни­от лик во Шекс­пир, не­ма да го гле­да­ат ка­ко актер кој до­бил уло­га по­ра­ди ква­ли­те­тот, ту­ку ка­ко актер кој до­бил уло­га по­ра­ди по­ли­ти­ка. Единствени ставови што сум ги изразил јавно беа кај Јанко кога зборувавме за театарот. Му објаснив зошто не сакам да бидам во театар. Па имам право да имам свои причини зашто не сакам да учествувам во театарот. Не сакам да учествувам во така конципиран театар. Сум бил член на големи театри, во нивните најубави времиња, во нивните златни години и знам како одеше тоа. Театарот е навистина место каде што не смее да продре политиката.  Нема потреба. И има колеги од мојата бранша што навистина се уфураа во тие улоги да бидат ем глумци, ем директори…да се обидат да присвојат сѐ што може да се присвои.

dzambazov2

Но се чини политиката секогаш, повеќе или помалку, била навлезена во театарот.
Џамбазов: Не во ваква мера. Сериозен сум. Јас бев во театар до 1997, 1998 година. Пред 1998 годна беа можеби најтешките 4 години во историјата на македонските театри, од 1995 до 1998 година. И доволно ми беше. После 1998 година имав само кус излет во една од последните претстави на покојниот Димитар Станковски „Црни куклички“ по текст на Венко Андоновски, тоа беше претстава по нарачка, ја игравме десет пати. И уште само онаа покана  од МНТ по повод претставата за дедо ми Петре Прличко „Сомнително лице“ и толку.

Сепак има шанси да се вратиш во театарот – со дуодрама со Тони Михајловски.

Џамбазов: Се видовме со Тони. После интервјуто тој веднаш нашол текст. Стар текст, можеби 45 години. Не е наш текстот, но е познат во сферата на дуодрамите. Станува збор за двајца комичари. Игран е во МНТ, пред четириесетина години, „Соитарии“ се вика текстот и е најподатлив за Тончи и за мене. Стојам на тоа. Можно е да се вратам во театар, но не и да бидам вработен, да одам на состаноци… Едноставно јас тоа го мразев и кога бев многу млад и не смеев да писнам. Не ми беше ич ќејф кога авторитетот над тебе ќе дојде и ќе те ишамара вербално пред другите колеги. Низ животот ми се случија такви работи што на некој начин ме натера да престанам да им верувам на авторитетите, зашто многу авторитети во мојот живот ме разочарале или ме искористиле како салфетка, како крпа. Затоа, ако веќе правам театар сам ќе го направам, денеска е можно сѐ, па и сам да си направиш театар. Финансирај си една претстава, плати си го текстот, изнајми си колеги глумци, изнајми си театарска сала, кино-сала, спортска сала или Дом на култура и играј си. Тоа е сосема легално и регуларно.

 

Да се навратиме на книгата, некако прашањето за театарот се наметна од самиот разговор. Да­ли не­кој изра­зи жел­ба да го спон­зо­ри­ра из­да­ва­ње­то на кни­га­та?

Џам­ба­зов: За „Об­ле­чен чо­век“ во де­на­ри нај­дов ну­ла. Во евра исто та­ка. Ни­кој не са­ка­ше да пар­ти­ци­пи­ра, да би­де дел од ова. Приз­на­вам, јас сум во бег­ство, дол­жам па­ри, осум лу­ѓе са­ка­ат да ме уби­јат, ни­кој не мо­же да ме нај­де, не из­ле­гу­вам на те­ле­ви­зи­ја, не­мам кон­цер­ти… И ни­кој не са­ка да пар­ти­ци­пи­ра. Не чи­ни мно­гу да из­да­деш кни­га. Јас им по­ну­див евти­на рек­ла­ма на тие што има­ат ус­пеш­ни биз­ни­си, а сме­там де­ка ми се при­ја­те­ли. Но не мо­жев ни да дој­дам до нив. Ако си ми при­ја­тел, а стиг­на­ле до те­бе му­а­бе­ти­те де­ка имам фи­нан­си­ски проб­ле­ми, уште по­ве­ќе не си чо­век што имаш шан­са да ми по­мог­неш, а не са­каш. Јас не ба­рам со­ци­јал­на по­мош. На­пи­шав кни­га, ку­пи ја. Кол­ку мо­жеш, тол­ку. Но, не­мам спон­зор. Со издавачкиот центар „Три“ влеговме сами во оваа приказна.  „Об­ле­чен чо­век“ ќе ја про­да­вам ка­ко но­во­го­ди­шен по­да­рок, а на­пра­вив­ме и со­бра­ни де­ла од Игор Џам­ба­зов од че­ти­ри­те кни­ги, кои ќе се про­да­ва­ат во кни­жар­ни­ца „Три“, во по­го­ле­ми­те кни­жар­ни­ци, во „Ве­ро“, „Ти­некс“, „Рамстор“ и на веб-сај­тот „Кни­га“. Главниот дел од тиражот се надевам ќе ги продадам сега пред Нова година на фирми кои што сакаат да ги почастат своите главни клиенти со книга. Верувам дека во секое второ семејство има барем еден што ме сака, дали е бабата, дедото, внуката, мајката, таткото… Книгата е еден убав подарок, особено сега, во времето на твитер, фејсбук… Родителите и сами сфаќаат дека книгата е еден од начините да ги отргнат децата од мониторот и асоцијалниот живот.

Во еден наш раз­го­вор спо­ме­на де­ка са­ка да на­пра­виш ау­дио за кни­ги­те.

Џам­ба­зов: Тоа ве­ќе се пра­ви. За несреќа е Нова година, па ќе морам малку да паузирам. И за­ра­ди про­мо­ци­ја­та на кни­га­та, ќе би­дам на пат низ Македонија, да ја промовирам, да ја продадам. Па не­ка­де на кра­јот на ја­ну­а­ри ќе би­де. За почеток правам ау­ди­о­из­да­ние за „Гол чо­век“ и за „При­рач­ни­кот“, а до ју­ни и за „Об­ле­чен чо­век“. Ба­рам и актер­ка што ќе ја чи­та Еми­ли­ја Џам­ба­зо­ва од „При­каз­ни­те од Мја­у­ке­до­ни­ја“.

Маестро Џамбазов во една прилика, пред некоја година, ми рече: „Сè ќе му простам на Игор, за сè што направи во животот, но нема да му простам што не остави поколение, што не го продолжи генот“. Дали сѐ уште го споменува тоа?

Џамбазов: Не, не, не. Го сфати тоа. Сега има друга приказна, која не е толку радикална. Да си бидеме искрени, сега на 52 години јас навистина не би можел да најдам кандидатка што може тоа да го направи. Е сега приказната е барем да најдам кандидатка. Сега бебето не е битно, ама битно е да имам некоја. Родител, си се грижи. И тоа навистина ми фали мене.

За поранешните кандидатки ќе читаме во книгата. Но што е со сегашните кандидатки?

Џамбазов: Кандидатките… Што знам, некако не можеме да се разбереме. Тие се исплашени од моето минато, јас сум исплашен од иднината со нив. И така, некаде во сегашноста сме како на ослободена  територија, во некоја забранета зона. Слушај да ти кажам. И јас да сум на нивно место би се замислил. Тие пет проценти, ај да најдам некој соодветен збор, кај Јанко ги нареков „бурекџии“, по скопски се „гомнари“, ама еве сакам да најдам некој за да звучам пристојно… сѐ уште раскажуваат легенди и преданија за тоа каде е Игор Џамбазов, што му се случува на Игор. Знаеш ова лето доаѓаа во манастирот во Слепче за да прашуваат каде спијам. Не можам  да им објаснам на луѓето дека не спијам во манастир. Во манастир спијам само кога ми е убаво, а не кога ми било лошо. „А… не е во манастир?! Ееее“ – демек сега немаме за што да јадеме трици. Сите приказни тргнуваат од таму, Скопје и натаму го има приматот на најголемото село, а најголемото село ги има најголемите озборувачи. Одамна сум раскрстил со нив. Јас барем се обидувам сѐ уште да бидам актуелен, интересен, продуктивен. Има луѓе на кои тоа им предизвикува ментална ерекција, а јас сум порно ѕвездата на која тие онанираат, и ок, се сложувам.

Го споменавме Слепче во неколку наврти. И не може да не се спомене Слепче во ниту еден разговор со тебе. Што направи Слепче за Игор, што Игор за Слепче?

Џамбазов: Јас и не барав Слепче да направи нешто за мене, зошто Слепче доволно направи за мене. Слепче само ги рашири рацете кога ме виде првиот пат. Слепче ми го даде сѐ она што очекував дека ќе ми го даде. А и јас за Слепче го направив сето она што најмалку можев – да му посветам едно лето – над 80 дена. Тоа беше навистина напорно. Секој ден имаше различна приказна, гостувања, концерти, изложби, промоции на книги. Во таа легендарна Горна куќа која се наоѓа измеѓу селото и манастирот направивме концертот со актерот од битолски театар, Петар Горко, со еден многу добар оркестар. Свиревме староградски песни, песни од „Макфест“ и од „Скопски фестивал“, од времето, тој рецитираше стихови… Направивме заеднички концерт со Димитар Андоновски… Не успеав секаде да стигнам зашто се случуваше во исти ден во исто време да се прославува во повеќе села. Но за идната година имаме идеја како тоа да го изведеме. Годинава ни беше првпат, ја изгубивме невиноста, сега знаеме што точно ни треба. Сфативме дека не се потребни многу пари за да се оддржи едно Демирхисарско културно лето, понудивме видео-снимки од она што го направивме, едно документарнофилмче кое го понудивме во Министерството за култура и верувам дека тоа ќе биде прифатат. Логото ќе си остане за 1000 години од манастирот, а веќе идното лето ќе се обидам да донесам и некои од големите музички ѕвезди. Се радувам затоа што Демир Хисар е една од најзаборавените градски општини, а сега живна. Особено му се радувам на она што му се случува на Слепче, зашто Слепче сега е навистина мал Париз. Направивме неколку радикални промени, патот, се среди сред село, манастирот ова лето работеше 24 часа. Горна куќа ни беше канцеларија на сите, таму ја пишував и книгата. Совршено место.

01

Сега си гостин-домаќин кај баба Маца. 

Џамбазов: Така е!

Има ли план за нешто свое во Слепче?

Џамбазов: Да, оваа година почнав да разгледувам парцели, најдов и една куќичка  која е во сопственост на скопјанец кој нема многу време да оди, неговите ќерки одамна изјавиле дека не доаѓаат. Оваа година пробав тоа да го направам, пред да дојдам во Скопје. Тоа многу ја погоди баба Маца. Ѝ објаснив дека не можам јас цел живот да бидам на товар, а и заради поголема сопствена слобода. Сега се чувствувам како на времето кога им соопштив на мајка ми и на татко ми дека ќе одам да живеам сам. Само што мајка ми не се потресе толку како баба Маца. Па се договоривме дека уште ова лето ќе поседиме, па после ќе се отселам. Имам ветување од тамошните другари дека тоа ќе го направиме со големо срце, ќе помагаат сите. Мене не ми треба многу.

Има нешто што те враќа во Скопје освен работата?

Џамбазов: Па само пријателите. Еве ние сме во истата фаза во која нè остави ти минатата година. Се дружиме, нема потреба да излегувам никаде за да ги најдам. Тие одат во град, и доаѓаат кај мене после еден саат сабајле како да е 8 и 15. И пријателите доаѓаат во Слепче. И оние кои ми викаа „што бараш таму во тоа Слепче?“ кога дојдоа рекоа – „а, како знаеш ти кај да одиш!“.

Што се случи по оној голем концерт пред една година? Имаше најава дека ќе се направи обид тој да прерасне во традиција?

Џамбазов: Многу работи во оваа држава не можат да бидат такви какви што ги замислуваш. Мене ми се случи крах после концертот, кога сфатив  дека ни од далеку не е тоа што  требаше да биде. Зборувам само за финансиската страна, сѐ друго беше совршено на тој концерт.  И требаше со исто темпо да се продолжи, да се направат турнеи низ градовите. И татко ми Џамбаз ме искара: „како тоа ти ме натера да објавам дека идната година ќе има концерт, а нема да има. Излегов лажго“. Му викам, имало и поголеми работи што биле најавени, па не се случиле.  Ако треба да ме врзат на столбот на срамот за тоа, нека ме врзат. Имав една идеја, но за да направиш таков концерт треба најмалку 25 000 евра. А ти кажав колку најдов за „Облечен човек“… 0 денари.

 

Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски

Целиот разговор, погледнете го во видео-разговорот на Република ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top