Театар Комедија го доби престижното признание „Супербенд“ за 2013/2014 година.
– Со ова се потврди успехот на најмладата театарска институција во своето кратко постоење од три години.Воедно ова е првпат театар од Македонија да ја добие оваа награда – соопштија од Театар Комедија.
Наградата ја подигна уметничкиот раководител на театарот, Андреј Цветановски и нагласи дека е чест Театар Комедија да се најде во такво реномирано друштво.
„Супербренд“ е меѓународна организација специјализирана за брендинг, денеска активна во 92 земји низ светот.
Оваа година во Македонија, „Супербренд“ третпат го организира и надгледува процесот на гласање во согласност со меѓународните стандарди, кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“