Панаѓурот ќе се одржи во интернационалното училиште QSI, на 13 декември (11-14 часот) каде што на околу 25 штандови ќе се продаваат рачно изработени предмети, домашни производи, креативни изработки од уметници од најразлични материјали, книги, честитки и многу други празнични украси и играчки.
На панаѓурот свој штанд ќе има и Центарот за Даунов синдром. На панаѓурот ќе има новогодишни и божиќни подароци изработени од различни уметници и талентирани ентузијасти кои заеднички ќе соберат средства за поддршка на Домот на деца без родители „11 Октомври”.
Влезниците ќе чинат 100 денари по лице, а децата до 2 години не плаќаат влез.
Предвидена е и лотарија за која присутните ќе може да си купат билети на настанот и да се надеваат на некои од пригодните Божиќни награди, а жени од целиот свет ќе продаваат од нивните национални божиќни колачиња.
Панаѓурот е еден од најголемите настани на Здружението на интернационални жени и придонесува за зголемување на добротворниот фонд на организацијата. Некои од корисниците на овој фонд ќе се претстават со своите активности и производи на панаѓурот. За децата ќе имаат бесплатни креативни работилници. Се очекува да има над 20 разновидни штандови.
Центарот за Даунов синдром ќе ги претстави Елизабета Петковска, 44-годишна девојка со Даунов синдром, која изработува преубав накит со плетење и еклање и Флоренс Гарет од Обединетото Кралство, која ќе се претстави со своите божиќни колачиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.