Вчера беше отворен разгранок на Центарот за Даунов синдром во Битола.
Како што информираат од Центарот за Даунов синдром, разрганокот ќе работи од понеделник до среда од 12 до 18 часот и ќе нуди различни услуги. За почеток, тоа ќе бидат логопедски и физиотерапевтски услуги и работилници за лицата со Даунов синдром (ДС) и нивните семејства. Ќе има обука за тие што работат со ДС и општата популација во полето на прифаќањето, како и одбележување на некои позначајни денови за ДСЦ.
– Беше убаво да се види колку беа благодарни семејствата и колку беа заинтересирани некои директори на институции да дознаат и сторат повеќе за да го подобрат животот на лицата со Даунов синдром, а со тоа и добросостојбата на целото семејство – изјави Ида Мантон, претседателка и основач на Центарот за Даунов синдром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.