Тимот од Лондон е казнет со 15 илјади евра од Дисциплинската комисија при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради влегување на теренот на навивачи за време на средбата со Партизан на 27 ноември во рамките на Лига на Европа.
Навивачи на Тотенхем трипати влегуваа на теренот на „Вајт харт лејн“ за да направат фотографии со нивните миленици, а судијата го прекинуваше мечот, дури еднаш ги прати играчите во гардероба пред крајот на полувремето.
Тотенхем по натпреварот соопшти дека „натрапниците се уапсени“, а клубот се извини за нивното неприфатливо однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Тотенхем со пет гола во мрежата на Стоук ја прекина црната серија во Англија
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа