Бразилската полиција го уапси најголемиот сериски убиец во Бразил, кој призна дека убил 42 лица во период од десет години во Рио де Жанеиро.
Сајлсон Жозе Дас Грацаш бил уапсен кратко откако избодел до смрт жена во преградие на мегалополисот. За време на сослушувањето тој признал дека убил 37 жени, тројца мажи и двегодишно девојче.
Засега полицијата ги пронашла телата на четири од жртвите на серискиот убиец.
Дас Грацаш признал дека преферирал да убива бели жени, кои најчесто ги задушувал. За време на сослушувањето тој изјавил дека убивал бидејќи на тој начин чувствувал како му се покачува адреналинот.
Според експерти, тој најверојатно е психопат, кој сакал да го привлече вниманието на медумите. Дас Грацас ќе биде подложен на психолошка анализа.
Припадник на обезбедување во градот Гојанија во октомври призна дека убил 39 лица, а неодамна во Сао Пауло беше уапсен сериски убиец, кој обезглавувал жртви по примерот на Талибанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.