Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија со Европската унија (ЕУ), а кое е посветено на Косово, нема да биде затворено сè додека земјата не го усогласи Уставот со Бриселскиот договор, особено Преамбулата и членовите за територијалното уредување, пишува весникот „Вечерње новости“.
Според информациите на весникот, без исполнувањето на ова барање, поглавјето 35 нема да може да се затвори, па така и членството во ЕУ ќе остане неизвесно.
Засега не е прецизно дефинирано дали прилагодувањето на српскиот Устав предвидува и бришење на преамбулата која јасно дефинира дека Косово е составен дел на Србија, а според многумина ова е најголемата замка која се крие во берлинскиот пакет и која имплицира признавање на независноста на Косово, пишува српскиот весник.
Според весникот, германското министерство за надворешни работи со месеци работело на формулацијата на содржината на косовското поглавје, а српските преставници со точната листа на услови биле запознаени кон крајот на октомври.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт изјавил дека преговорите меѓу Србија и ЕУ не се сопрени и дека ништо не е загубено.
-Досега завршија скрининзи за 23 од 35 поглавја, а Србија работи на акциски планови за поглавјата 23 и 24“, рекол Девенпорт.
Од германската амбасада во Белград демантирале дека постои листа со 11 услови за отворање на поглавјето 35, но потврдиле дека германската влада ќе даде согласност за отворање на ова поглавје, дури кога обврските од Договорот за нормализација на односите од април 2013 година ќе бидат целосно спроведени и кога Србија јасно ќе изрази подготвеност да го продолжи дијалогот со Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


