| четврток, 6 декември 2018 |

Кога судијата не знае што суди испаѓаат екипи во Европа (видео)

Кардинална грешка на квинтетот судии од Чешка предводени од Мирослав Зелинка го чинеше азербејџански Карабах елиминација од Европа Лигата.

Вечерва во дуелот со Интер, Карабах за кој играше и македонскиот репрезентативец Муарем Муарем беше драстично оштетен во финишот на мечот.

Бразилецот Ричард Алмеида постигна регуларен гол за победа од 1-0, но со задоцнување чешките арбитри го поништија погодокот и мечот заврши со резултат 0-0, доволно за елиминација на Карабах.

Тимот во кој игра Муарем остана покус за еден бод во однос на Днипро, екипа што го победи Сент Етјен и заедно со Интер оди понатаму.

Погледнете го голот на Алмеида.


Disaloved Gooal in last min Qarabag Agdam FK 0… by livegoals1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top