Претставниците на грчкиот првак Олимпијакос тешко ја поднесоа елиминацијата од Лигата на шампионите во конкуренција на Атлетико Мадрид и Јувентус, па ги обвинија овие два клуба дека го режирале исходот во последното коло во меѓусебниот дуел што заврши без голови во Торино.
Со тој резултат понатаму во нокаут-фазата се пласираа и „јорганџиите“ од Мадрид и „старата дама“ од Торино, а на Олимпијакос не му помогна ниту победата од 4-2 против Малме.
Интересно е што Олимпијакос се пожали на местенка, а во Грција токму претседателот на овој клуб е првоосомничен во аферата за наместени натпревари. Евангелос Маринакис го предводи грчкиот шампион, а тој веќе беше приведен од тамошните државни органи и даде изјава по обвинението дека учествувал во лажирање натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!