На 11.12.2014 година околу 1.30 часот во Охрид во куќа, сопственост на В.К.(30), настанала расправија меѓу А.Р.(30) и В.К. од Охрид, при што В.К со мачета замавнал кон А.Р при што му нанел повреди по стомакот, левата рака и левиот образ.
Повредениот е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар во Охрид.
В.К. е приведен во СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, за него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


