| четврток, 6 декември 2018 |

Научен собир „Македонија и Македонците во Првата светска војна“ во МАНУ

Собирот ќе го отвори претседателот на МАНУ акад. Владо Камбовски.Организатори се МАНУ и Институтот за национална историја. Научниот собир „Македонија и Македонците во Првата светска војна“ ќе се одржи денеска ( 11 декември 2014 година, четврток) во 10.00 часот во МАНУ. На програмата се: проекција на документарен филм за Првата светска војна, како и промоција на „Македонски албум“ – документи од и за Македонското научно- литературно другарство и Македонската колонија во Санкт-Петербург, издаден по повод 100-годишнината од Балканските војни и Букурешкиот мировен договор. Автори: акад. Блаже Ристовски и проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска. Промотори ќе бидат акад. Катица Ќулавкова и проф. д-р Димитар Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top