| четврток, 6 декември 2018 |

„Твориме создаваме и зборуваме на македонски јазик“-претстава на ученици од „Арсени Јовков“ во Драмски театар

Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ на 12.12. во 12 часот во Драмскиот театар, ќе ја реализира Четвртата традиционална претстатава „Твориме создаваме и зборуваме на македонски јазик“ под мотото: „Традицијата, фолклорот и обичаите наше културно наследство“.

Нашите предци ни оставија во аманет да ги чуваме и негуваме нашата култура, традиција, обичаи, но и македонскиот јазик. Во програмата се опфатени повеќе сегменти од јазикот и неговата употреба, преку соодветни драматизации и тоа: македонскиот јазик во македонската поезија, музика, македонската народна литература, во практиката и користењето на јазикот во секојдневната комуникација. На сцената ќе биде претставена драмската претстава „Итар Пејо, селаните и инвеститорот“, по текст и режија на професорката Розита Закева. Ќе се читаат народните мудрости од македонската народна литература, ќе се пејат македонски народни песни, ќе се читаат антологиските песни од македонската поезијата „Т’га за југ“ и „Тешкото“.

По завршувањето на претставата во 13 часот во фоајето на Драмски театар ќе се одржи Хуманитарна продажна изложба на кукли во народни носии, изработени од учениците, под мотото Традиција преточена во хуманост. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а средствата собрани од овој настан ќе бидат донирани на Детската клиника – Оддел онкологија. Целта на проектот е преку запознавање со фолклорот, традицијата и обичаите да се зачува и негува идентитетот на македонскиот народ, а тоа е македонскиот јазик. Истовремено ги насочуваме младите кон хуманоста и општествената одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top