Двојник на американскиот претседател Барак Обама изјави дека поради популарноста во Индонезија, се плаши за својата безбедност. Четириесетгодишниот Илхам Анас живее во Џакарта. Анас раскажува дека кога ќе облече костум, секогаш го мешаат со претседателот на САД.
– Кога бев во Америка, во лифт со мене се возеше една баба. Таа беше толку шокирана кога ме виде, што се онесвести – сподели Анас. Тој открива дека понекогаш толпите народ го плашат и се плаши за својот живот и за безбедноста на своето семејство. Илхам вели дека никогаш не се сретнал со својот двојник и идол.
– Никогаш не сум го сретнал лично – признава тој. Кога тој дојде во Индонезија, јас бев во Лос Анџелес, преправајќи се како Обама. Се надевам дека некој ден ќе се сретнам со него. Ако се случи тоа, првото нешто што ќе го замолам, ќе биде, да си направам една фотографија со него – рече Илхам Анас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




