Француската влада одлучи да се ослободи од дизел автомобилите до 2020 година. На овој начин се смета дека штетните гасови дополнително ќе се намалат и ќе помогнат за зачувување на чиста планетата. Дизелот очигледно не е најчистото гориво, штом испушта повеќе азотни оксиди во природата. Штетните издувни гасови од дизелот можат да придонесат за појавата на различни респираторни проблеми, плус срцеви и белодробни болести.
Поставените катализатори често водат до компликации, кои ги принудуваат сопствениците да ги отстранат. Европската унија одамна утврдила дека поголемиот дел од градовите веќе имаат слични проблеми и ги достигнуваат лимитите на азотен диоксид во воздухот. Во Париз и во Лондон почнува сериозна кампања за кревање на даноците на старите автомобили, кои исто така можат да исфрлат доста штетни гасови.
Покрај луѓето, најмногу ќе настрадаат и автомобилските производители, кои сега треба да најдат поефикасен и зелен начин за предвижување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.