| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во посета на Унгарија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе престојува во официјална посета на Унгарија, на покана на неговиот колега, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Покрај со домаќинот, Попоски ќе оствари средба и со спикерот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер, а ќе има и излагање во унгарскиот Институт за надворешни работи и трговија за важноста на интеграцијата на земјите од Балканот во Европската унија.
Посетата се совпаѓа со одбележувањето на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top