| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на доделувањето на Нобеловата награда на Малала (ФОТО)

Нобеловата награда за мир за 2014 година врачена беше денеска во Осло на 17-годишната Малала Јусуфзаи од Пакистан и на Кајлаш Сатјарти од Индија поради нивната борба за правата на децата.

Церемонијата накратко беше прекината кога млад непознат маж истрча пред Малала виејќи го знамето на Мексико. Се уште не се познати причините за инцидентот.

Nobel Peace Prize festivities in Oslo

Малала изјави дека се надева оти таа награда ќе ги инспирира сите девојки во светот да се борат за своите права.

Nobel Peace Prize laureates Kailash Satyarthi and Malala Yousafzai

Nobel Peace Prize festivities in Oslo

Таа е најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир додека Сатјарти е на 60-годишна возраст.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Торбјерн Јагланд изјави дека сите деца имаат право на детство и образование, а не на принудна работа, истакнувајќи дека овогодишните победници најдобро ја одразуваат совеста на светот.

ФОТО: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top