Рома и Манчестер сити ќе водат битка до последен здив во вечниот град Рим, вечерва од 20,45 часот, а влогот со победа е пласман во следната фаза во Лигата на шампионите.
Услов за такво нешто е ЦСКА Москва да не го победи фаворитот и лидер во Е групата Баерн на гости во Минхен и Рома да не го победи Манчестер сити. Ако Русите слават во Баварија тимот од Англија нема шанси за пласман понатаму, а на Рома во таков случај и конвенираат само трите бода.
Варијанти има премногу, а фокусот на фудбалските фанатици, особено оние што ја почитуваат ЛШ ќе биде насочен кон Рим.
Едно е сигурно во Е групата, дека Баерн е сигурен патник во следната фаза, бидејќи има 12 бода, пред трите конкуренти кои имаат еднаков боланс од по 5 бода.
Битка за уште едно место меѓу најквалитетни 16 екипи во Европа ќе има и во Г групата, а најблиску до целта е Спортинг Лисабон. На Португалците им е потребен еден бод на гостувањето во Лондон кај Челси, состав што има обезбедено пласман понатаму. Португалецот на клупата на Челси, Жозе Мурињо, најави дека вечерва на „Стемфорд Бриџ“ ќе игра со комбиниран состав, што ја олеснува задачата на неговите сонародници од таборот на Спортинг. Челси секако е прв и со пораз, а такво нешто не му одговара на Спортинг, ако Шалке 04 го победи Марибор на гостински терен.
Пред стартот на последната рунда во фазата по групи Челси има 11 бода, пред Спортинг со 7, Шалке 04 со 5 бода и Марибор со 3. За Словенците неизвесно е дали ќе игра македонскиот репрезентативец Агим Ибраими поради повреда. На Марибор му треба победа за да го продолжи престојот во Европа и тоа преку настапи во Европа Лигата на УЕФА.
Двојки, 20,45 часот:
Група Е: Рома – Манчестер сити, Баерн – ЦСКА Москва
Група Ф: Барселона – ПСЖ, Ајакс – Апоел
Група Г: Челси – Спортинг, Марибор – Шалке 04
Група Х: Порто – Шахтар, Атлетик Билбао – Бате Борисов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.