| четврток, 6 декември 2018 |

Обид студентите да се обојат во нестудентски бои – сдсмовското ергеле ја уништи студентската порака

stari na protesti (8) (Custom)

Студентите имаат легитимно право да протестираат за она што нив ги засегнува. Екстерно тестирање, државен испит, високи партиципации – изборот е нивни, се согласуваат или не се согласуваат. Демократско и уставно право е да го искажат својот револт, онака, како што тоа го направија пред некоја недела кога со индекс в рака стоеа пред Влада и искажаа револт од идејата да им се воведе дополнителен испит. Имаат право или не е друга тема на која би можела да се води долга дебата. Но, како и да е, никој ниту смее, ниту треба да се вмеша во она што тие го прават, со цел да искористи нешто за себе, да собере некој поен за свои интереси.

stari na protesti (11) (Custom)

„Република“ по првиот протест објави информација – излегоа неколку илјади студенти за да го искажат своето незадоволство од воведувањето на државен испит. И воопшто немаме право, ниту намера да им судиме зошто тоа го сториле. Можеме да се согласуваме или да не се согласуваме со нив, но не и да ги прекоруваме што се против промени во студиите.

stari na protesti (6) (Custom)

Но протестот, за жал, доби друга димензија.  Студентите не смеат да се претворат во (ничија) монета за политички поткусурувања, за поддршка на чии било политички амбиции. Но некој се осуди тоа да го стори. Впечатокот што се доби по првиот протест, а и за време на вториот протест е дека политиката, за жал, на перфиден начин се инволвира во истите. 

stari na protesti (16) (Custom)

Кој протестира и за чии  права се борат? Студентите против испитот, средношколците за своето идно образование, пензионерите за нивната желба за студирање или СДСМ и нивната ергела за нови политички поени и вулгарно користење на студентите за наводно уривање на власта?

protesssss

Иако во неколку наврти студентите побараа политиката да се држи настрана од нив и нивниот протест, никој не ги послуша. Се осмелија да ги пребојат студентите со туѓи, нестудентски бои!  Иронично е некој од студентите да бара да повикуваат на оставки и да се обидат да ја рушат власта. 

stari na protesti (13) (Custom)

Секоја чест за студентите кои застанаа јавно да се борат за она од кое се засегнати. Но што е со политичарите кои застанаа за да соберат некој поен, што е со пензионерите симпатизери на опозицијата? Зарем и тие се против државен испит за студентите? Побогу, голем дел од оние што протестираа не знат зошто протестираат.

borjan

Голем дел застанаа под партиска директива. Проопозициските портали финансирани од СОРОС секојдневно повикуваа на марш. Високи функционери на СДСМ бараа да се излезе на протест, а таквите апели ги упатуваа дури и на партиски трибини – излезете да не се посрамиме…

stari na protesti (9) (Custom)

И каква порака испраќаат студентите со ваков протест со партиски бои? Сигурно не е вистинската порака што тие сакаат да ја упатат.  Сигурно, барем не оние што излегле само затоа што тие лично се засегнати и револтирани од нов испит на нивните студии, не сакаат да испратат партиска порака скроена од желбите и потребите на СДСМ и нивните аналитичари.

stari na protesti (1) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top