
Аеродром и рај се два поими кои не одат заедно, но тоа може да се смени наскоро. Сингапурскиот аеродром ќе изгледа како рај за патниците кога ќе биде завршен во 2018 година.

Фотографиите откриваат градба од челик и стакло во која се наоѓаат многу растенија и голем водопад. Ако аеродромот биде изграден според предлозите, најверојатно тоа ќе биде најубавиот аеродром на светот.

Ќе има 10 спрата, пет под земја и пед над земја. Освен терминалите и она што мора да го има секој аеородром, ќе има продавници, центри за одмор, забав и рекреација. Аеродромот ќе биде направен на местото јаде што се наоѓа стар паркинг во близина на постоечкиот Терминал 1 на аеродромот Ченгаи и ќе биде споен со останатите терминали.

Аеродромот ќе биде во облик на крофна, а низ неговниот шуплив централен дел ќе се спушта водопадот Рејн Вортекс висок 40 метри. Тоа ќе биде највисокиот водопад во внатрешноста на светот. Патниците ќе може да отседнат во хотел кој ќе има 130 соби. Ќе има места на кои патниците ќе може да ги чекираат своите карти и да го предадат багажот пред време.

Аеродромот треба да биде завршен во 2018 година.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


