| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски: Мора да се стави крај

Mора да се стави крај на неодговорната власт, порача лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на синоќешнот митинг на „Сојузот за иднината“ во Берово. Тој додаде:

– Ова е земја пред колапс, ова е земја која беше економски лидер на Балканот, а сега е на дното.

Им порача на присутните дека актуелната власт мора да се победи на 24 март.

– Тоа е можност за вашиот глас во еден ден да се брои двапати, да заврши две работи, да извојува две победи.

Кандидатот за градоначалник на Берово, Ѕвонко Пекевски, пак, најави отворање откупен центар, проекти во инфраструктурата и развој на туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top