| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците се на прагот да пронајдат лек за една форма на слепило

sino oko

Радикална форма на генетска терапија која ги преобразува клетките во окото на рецепторите за светлина им овозможи на научниците, делумно, да им го вратат видот на животните кои се родени слепи.

Истражувачите велат дека техниката еден ден ќе може да се користи и кај луѓето со ретинитис пигментоза, наследна состојба која доведува до прогресивно губење на видот.

Тестовите кои се направени врз кучиња со слична состојба покажале дека е можно да се поврати доволно осетливост на светлина за да се разликува треперлива од нетреперлива светлина.

На лилјаците им е даден истиот третман и потоа тие подеднакво добро се снаоѓале во водени лавиринти, како и здравите глувци.

Две компоненти „хибриден“ третман кој вклучува ген кој ги менува клетките кои не реагираат на светлина и вбризгување хемиски инјекција „фотопрекинувач“.

„Кучешката мрежница е слична на нашата. Докажавме дека можеме да го повратиме видот и реакцијата на мрежницата кај кучињата, но и кај глувците“, изјавил професорот Ехуд Исаков, раководител на истражувањата на Универзитетот во Калифорнија.

Во едно друго истражување спроведено во октомври, научниците од компанијата „Оката терапевти“ од Масачусетс покажале дека во одредени ситуации клетките на мрежницата добиени од матични клетки може успешно да се пресадат кај пациентите и да им го поправат видот.

Исто така, на почетокот на оваа година, експерти од Универзитетот „Оксфорд“ добиле одлични резултати откако генетски лекувале хороидермија, ретко наследно заболување кое предизвикува слепило.

Една нова студија користела вирус за да вметнат ген во клетките на мрежницата кои обично не се чувствителни на светлина.

Во моментов инјекциите „фотопрекинувач“, кој го активира тој ген, мора да се даваат еднаш неделно за ефектот да биде траен.

Ретинитис пигментоза погодува околу 2 милиони луѓе низ светот. Се проценува дека еден од 80 личности го носат тој ген, кој предизвикува болест.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top