| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС обезглавиле четири деца затоа што не сакале да прејдат во ислам

547750_endrju-vajt-foto-facebook_f

Ендру Вајт

Припадници на ИСИС во Ирак обезглавиле четири христијански деца откако тие одбиле да прејдат во ислам, тврди британски свештеник кој работел во Багдад, пренесува Индепендент.

Ендру Вајт, во јавноста како „викарот Багдад“ тврди дека несреќните деца страдале во христијанска енклава во близина на градот. Вајт рекол и дека џихадистите вршеле прогон на христијани од Ирак, убивале голем број од нив и вршеле воени злосторства над децата.

Викар рекол дека милитантите неодамна му пришле на еден христијанин неодамна и му се заканиле дека ќе му ги убијат децата ако не прејде во ислам.За да го сочува животот на своите деца, човекот се согласил, а потоа му се обратил на Вајт со прашање дали Исус ќе го сака и понатаму, на што свештеникот одговорил потврдно.

Меѓутоа, некои деца го одбиле барањето на џихадистите, по што тие реагирале сурово.

Вајт се преселил во Израел откако надбискупот Кантербери му наложил да го напушти Ирак. Меѓутоа, голем дел од неговите соработници останале во Ирак и продолжиле да се грижат за раселените христијани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top