Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир со остатоци од кашест снег на коловозот.
Поради појава на магла на патните правци Страцин – Кратово – Пробиштип и Страцин Куманово видливоста е намалена од 50 до 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 30 до 40 метри, соопшти Автомото сојузот во извештајот за состојбата на патиштата во 19 часот и 30 минути.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.л
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.