| четврток, 6 декември 2018 |

Бреговиќ: Премногу се дрогирав

Лидерот на популарната ју-група „Бело Дугме“, Горан Бреговиќ во документарниот филм за 40 – години од работата на групата, открил дека се дрогирал, односно земал кокаин за да може да ги напише текстовите за албумот „Шта би дао да си на мом мјесту“.

– Имав рок од десет дена да ги завршам текстовите. Ме ставија на кокаин за подолго да бидам буден. Никогаш немаше да стигнам да направам тоа се да не ме примораа, искрено одговорил Брега и додал дека освен кокаин како тинејџер коснумирал ЛСД.

– Како момче од 16 до 18 години мозокот го исушив од толку ЛСД што никогаш повеќе не работеше нормално, се отворил фронтменот на легендарната ју-група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top