Република Србија најостро ја осудува денешната одлука за прием на националниот Олимписки комитет на Косово во полноправно членство на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), изјави првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
– Оваа одлука ја сметаме за неприфатлива и непринципиелна и сметаме дека овој чин е во спротивност со Олимписката повелба, се наведува во изјавата на Дачиќ.
Тој посети дека Олимписката повелба предвидува барањето за членство да биде поднесено од независна држава, призната во целина од страна на меѓународната заедница.
– Со оваа одлука МОК ја прекршува својата досегашна пракса, според која за прием се бараше и членство во Обединетите нации. Овоj чин претставува злоупотреба и тенденциозна политизација на спортот, а МОК, како универзална организација посветена на развојот на спортот и напредување на разбирањето и пријателството, се стави во позиција на политички арбитер, смета Дачиќ.
Претходно денеска МОК на седница во Монако го прими националниот Олимписки комитет на Косово во полноправно членство, што значи дека косовските спортисти ќе можат да учествуваат на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации