| четврток, 6 декември 2018 |

Нова услуга на „Вип“ базирана на виртуализација на мрежна технологија ВоЛТЕ

one

Телекомуникацискиот оператор „Вип“ денеска ја претстави новата услуга ВоЛТЕ  базирана на виртуализација на мрежна технологија. Меѓу првите во регионот, „Вип“ ја претстави оваа услуга демонстрирајќи го ВоЛТЕ со комбинирање на ЛТЕ технологијата и решението за виртуализација на мрежната технологија (НФВ) на Мавенир.

Според менаџментот на компанијата, во наредните години корисниците ќе ги добивааат услугите кои се засновани на виртуализирана и скалабилна технологија, со што ќе се овозможи целосна искористеност на потенцијалот на корисничките уреди и мрежните капацитети обезбедувајќи притоа унифицирано и оптимално искуство.

Сметаат дека таа технологија е повеќе од потребна со оглед на преносот на податоци кој ќе се прави во иднина.

– За групацијата „Телеком Австрија“ технологијата НФВ претставува промена на парадигмата која ќе има големо глобално влијание врз телекомуникациската технологија во наредните години. Традиционалниот телеком свет изаграден во силоси, нема да постои повеќе и телекомуникациското опкружување е поинаку обликувано. Горд сум со фактот што групацијата е меѓу првите оператори во светот што ги поставува овие трендови – изјави Гунтер Отендорфер, главен технички директор на „Телеком Австрија“, кој ја презентираше новата услуга во Скопје.

„Вип“ го претстави зголемувањето на покриеноста со својата 4Г ЛТЕ мрежа, која ги опфаќа Скопје, Куманово, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Кочани и Струга.

– Напредната 4Г ЛТЕ мрежа и пенетрацијата на моќни мобилни уреди кои поддржуваат ВоЛТЕ се предуслов за овозможувње технолошки иновации и држење чекор со современите комуникации на глобален план. Ние сме и остануваме посветени на тоа да ги доближиме најновите технологии на нашите корисници и затоа постојано инвестираме во подобрување на нашите услуги и системи – истакна главниот извршен директор на „Вип“, Никола Љушев.

Одговарајќи на новинарски прашања за спојувањето на „Вип“ и ОНЕ, по одлуката „Телеком Австрија“ да го купи „Телеком Словенија“, Љушев рече дека тоа ќе биде познато за неколку недели откако ќе заврши анализата на мобилниот оператор ОНЕ од страна на „Телеком Австрија“.

– Сѐ уште не е завршено длабинското снимање на мобилниот оператор ОНЕ од страна на „Телеком Австрија“. Штом ќе бидат познати тие резултати, ќе се знае и одлуката за продолжување. Во тој момент и формално ќе биде информирана Комисијата за заштита на конкуренцијата преку достава на документ, нотификација со која  се бара одобрување пред надлежните органи. Значи, формална нотификација пред Комисијата не е доставена, но таа е информирана за намерите, како и Агенцијата за електронски комуникации, но од стриктно формална страна, тоа сѐ уште не е направено бидејќи формалната одлука сѐ уште не е донесена – изјави Љушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top