Пред еден месец „Дискавери“ ја најави емисијата во која Пол Росоли требаше да изведе досега невиден потег и да влезе во утробата на анаконда. Росоли даде неколку интервјуа, но до премиерата не смееше да открие колку далеку отишле со предизвикот.
Рекламата го најави подвигот, по што веднаш имаше реакции, а Росоли ги уверуваше сите што беа загрижени за змијата дека тој поминал полошо. По емитувањето на емисијата, гледачите, конечно, можеа да видат како помина сето ова.
Росоли најави дека првичниот план им бил тимот да го извлече штом змијата го проголта до половината, но според емисијата работата не стигна до таму, бидејќи тој побара да го извлечат многу порано.
Причината за ова е болката што ја почувствувал во раката штом змијата почнала да го притиска.
Заштитниот костум се покажа како недоволно и целиот подвиг мораше да биде прекинат уште на самиот почеток. Инаку, емисијата траеше околу два часа.
Првичниот план бил да фатат осум метри долга анаконда, но откако не им тргнало од рака, морале да се задоволат со шест метри долгата змија, која ја нашле на друг крај на светот, па ја пренеле поради снимање.
За жал, премалата змија и преголемото заштитно одело никогаш не можеле да резултираат со очекуваниот „спектакл“, а кога на сето тоа ќе додадеме и фактот дека Росоли е извлечен веднаш откако анакондата го зграпчила – се добива циркус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)