| четврток, 6 декември 2018 |

По 30.000 за свадба и по 5.000 денари за бебе во Новаци

Со цел да ги стимулира младите да склучуваат бракови и да се земаа, и општината Новаци донесе одлука на секоја млада брачна двојка, која ќе реши да стапи во брак, да ѝ додели по 500 евра.

Ваквата парична награда Новаци им ја доделува на младите за покривање на трошоците за свадбата.

– Со цел да го спречиме иселувањето од Новаци, посебно од Мариовско, како и да ги стимулираме младите да стапуваат во брак, Советот на општината Новаци донесе одлука секоја млада брачна двојка што ќе реши да стапи во брак да ја „субвенционира“ со по 500 евра, за покривање на свадбените трошоци. Воедно ние како општина на сите млади брачни двојки за секое новородено дете им донираме по 5.000 денари –  изјави градоначалникот на Новаци, Лазар  Котевски

Според градоначалникот, ваквите стимулации во Новаци, особено во Мариовско,  дадоа резултати и многу млади луѓе решија да стапат во брак и се оженија за жени од Албанија, па така, оваа година, за првпат во општината имало дури 17 првоодделенци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top