| четврток, 6 декември 2018 |

Голем астероид се движи кон Земјата (видео)

Руски научници предупредуваат дека кон планетата се движи голем астероид, кој доколку се судри со Земјата, ќе предизвика катастрофа со огромни размери.

Последното искуство на човештвото со астероид пред речиси две години беше застрашувачко. Астероид кој се движеше со брзина од 19 километри во секунда експлодираше над небото во Русија, при што поголем број лица беа повредени.

Овој астероид е дури 20 пати поголем од тој кој експлодираше пред две години над руското небо. Метеорот во Челабинск беше со дијаметар од 19,8 метри, а новиот астероид кој патува кон Земјата има дијаметар од околу  370 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top