Дедо завршил во болница со куршум в нога по семејна веселба, која тргнала на лошо. Имено, вчеравечер околу 22.15 часот во с. Горна Бањица, Гостиварско, А.А.(79) од истото село, на семејна веселба, од пиштол калибар 9мм испукал 8 куршуми во воздух, а потоа мислејќи дека веќе нема куршуми, пукал кон земја, но се погодил во левата нога.
Тој е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчитување и документирање на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.