| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Приштина попушти, Србија и Косово ќе потпишат договор за десетина дена

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, вчера во Брисел соопшти дека Приштина попуштила во врска со прашањето за надлежност на заедницата на српските општини на Косово и изрази надеж дека договорот ќе биде потпишан во следните десет дена.

–          Дојде до попуштање од албанската страна, која најпрво зборуваше дека ништо не може да биде променето во нивниот Устав и закони – рече Николиќ.

Тој е убеден дека по синоќешниот разговор сигурно ќе следува договор во наредните десетина дена.

–          Може да очекуваме уште малку разговори со ЕУ. Ако сè биде подготвено за 20 март, ќе биде потпишано на 20 март, ако биде за 28, тогаш ќе се потпише на 28 март. Очигледно е дека од тврдите ставови на Приштина дојдовме до ситуација со оптимизам да може да очекуваме договор во следните денови – оцени Николиќ.

Николиќ вели дека, според договорот, српската заедница на Косово нема да може да донесува свои закони, но ќе може да одредува свои правила во рамките на законите.

Речиси сите земји во ЕУ имаат исти закони, но има многу такви заедници што живеат мирно и слободно. И ние бараме такви правила да се применат на српската заедница, заклучи Николиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top