| четврток, 6 декември 2018 |

Најекстравагантните елки во светот за 2014 година

e2(13)

Колку е поголем еден град, толку поимпозантна е елката во неговиот центар.

Погледнете каде се наоѓаат најпознатите и најекстравагантни елки на 2014 година:

Подвижна елка во Рио де Жанеиро

e1(15)

Во лагуната на Рио, можете да видите подвижна 85-метарска елка. Таа светна на 29 ноември. Во неа има 3,1 милиони светилки.

Елка свртена наопаку во Париз

e2(13)

Оваа 25-метарска елка стои наопаку во трговски центар во Париз.

Светски рекорд за елка од луѓе во Хондурас

e3(14)

На 1 декември во Хондурас поставија светски рекорд за најголема елка од луѓе. Вкупно 2.945 луѓе беа дел од неа.

Елка од колачи во Сингапур

e4(13)

Оваа елка беше откриена од тенисерот Андре Агаси на 1 декември 2014 година.

Колоритната елка на Мадрид

e5(15)

Таа беше запалена на 30 ноември. Боите ѝ се менуваат.

Во Капитол

e6(12)

Елката во Вашингтон е висока 26 метри.

Од рециклирани дрва во Раквере, Естонија

e7(12)

Оваа 10-метарска елка во естонскиот град Раквере е од дрва за рециклирање.

Елка од коцки „лего“ во Сиднеј

e8(13)

Оваа елка беше подигната во Сиднеј на 2 декември.

Елка од коцки „лего“ во Лондон 

e9(8)

Во Лондон, исто така, направија џиновска елка од коцки „лего“. Таа е висока 8 метри. За нејзиното поставување биле потребни 4 недели.

Прага

e14

Оваа елка е во стариот дел од Прага од 30 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top