| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо си оди од Реал, доаѓа Бејл

Жозе Мурињо и Реал Мадрид и дефинитивно ќе се разделат на крајот на сезоната, објави шпанска „Марка“, а „кралскиот клуб“ на новиот тренер ќе му подари сериозно засилување во името на Герет Бејл.

Мурињо и Реал, според пишувањето на „Марка“, се договориле да ја прекинат соработката ова лето, а се најавува враќање на Специјалниот во Англија.

Дали тоа ќе биде во Челси, Манчестер јунајтед или во Манчестер сити сè уште е енигма. Тренерот што ќе го наследи Мурињо во Реал Мадрид, ќе добие вистински подарок бидејќи, според „Марка“,  Бејл сигурно доаѓа на „Сантјаго Бернабеу“.  Најтрофејниот европски клуб за играчот на Тотенхем ќе плати отштета од 70 милиони евра, а на Бејл му нуди 5-годишен договор, со годишна плата од 11 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top