ТВ-водителот Ненад Ѓоргиевски, кој ги водеше некогашните „Екстра ексклузив“ и „Само кеш“, а до минатата недела беше домаќин и во Отвореното студио на „Ѕвездите на Гранд“, веќе не е дел од тимот на „Канал 5“, јавуваат од „Хит портал“.
Тој три години беше дел од водителскиот тим на телевизијата, а одлуката да си замине од таму ја донел поради преголемите обврски наметнати од телевизијата и несогласувањата околу неговиот ангажман. Освен работата како телевизиски водител, тој е сопственик и генерален менаџер на „Хит медија“, маркетинг-агенција во чиишто рамки се и неколку познати веб-портали, како и првото комерцијално интернет-радио „Хит“.
Пред да работи во „Канал 5“, Ненад со години беше препознатливо лице на телевизија „А1“, а која телевизиска куќа во иднина ќе биде неговиот дом, останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.