| четврток, 6 декември 2018 |

Водителот Ненад и сопругата очекуваат близнаци

Дупла среќа за семејството Ѓоргиевски! Македонскиот телевизиски водител, Ненад и неговата сопруга Горана ќе добијат близнаци, пренесува „ХитПортал“.

Горана го завршува првото тримесечје од бременоста, а брачните другари за првпат ќе станат родители до крајот на оваа година.

Навистина сме возбудени, но и подготвени за новата улога во животот која наскоро ќе ја добиеме. Мојата сопруга се чувствува одлично, ужива во бременоста и се е во најдобар ред. За полот на децата не би сакал да откривам, бидејќи сега за сега и ние сакаме да биде изненадување – вели Ненад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top