Семејството на популарниот водител Ненад Ѓорѓиески вчера се проши со уште два члена.
Неговата сопруга Гордана на свет донесе близнаци, а гордиот татко веднаш ја сподели убавата вест на социјалните мрежи.
– Драги роднини и пријатели, сакам со сите вас да ја споделам мојата бесконечна среќа! Вчера нашето семејство се прошири со уште два члена. Љупка и Иво, тато и мама ве сакаат најмногу!Ѝ благодарам на жената на мојот живот, Гордана Годунка Ѓорѓиевска за оваа бескрајна радост, љубов моја, те сакам!- стои во емотивниот статус што го сподели водителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.