Фудбалерите на мадридски Атлетико вчера стигнаа во Торино каде што денеска треба да играат против Јувентус во последното коло од групното натпреварување од Лигата на шампионите. Мадриѓаните слетале на аеродромот во 13 часот, нешто подоцна од планираното, а причина за тоа бил радарски проблем на италијанската контрола на лет.
Додека авионот на Атлетико летал над Алпите, капетанот бил известен дека авионот го нема на радарот и дека таков „невидлив“ не смее да слета на торинскиот аеродром.
На пилотот не му останало ништо друго освен да кружи на небото над Торино сè додека не го отстранат техничкиот проблем и додека авионот не добие дозвола за слетување.
За среќа, сè добро се завршило. Екипата безбедно пристигнала во Торино, каде што ќе оди на минимална победа за да го сочува првото место во групата А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“