| четврток, 6 декември 2018 |

Бора Чорба стана дедо и заврши в болница

bora-dordevic-foto-nemanja-pancic-1418071761-597244Водачот на групата „Рибља чорба“ и член на жирито на „Ѕвездите на Пинк“, Бора Ѓорѓевиќ стана дедо и заврши в болница. Популарниот Бора Чорба, за жал, сè уште не го видел внукот затоа што поради вопаление на белите дробови веќе десетина дена е во болничка постела. Сепак, лекарите велат дека неговата состојба се подобрува и дека до крајот на неделата ќе биде пуштен на домашно лекување.

– Пресреќен сум што станав дедо. Добив внук, кој се вика Петар, но, за жал, поради сериозното воспаление сè уште не сум го видел. Сега се чувствувам многу подобро и наскоро треба да излезам од болница. Едвај чекам да го напуштам здравствениот центар затоа што сакам да бидам со бебето и со ќерка ми Тамара. Морав да бидам хоспитализиран, но сега сè е во ред – рекол Ѓорѓевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top