Најстар човек на светот е Јапонецот Сакариј Момор, кој има 111 година. Според официјалните податоци, Јапонците имаат најголема стапка на долговечност во светот.
Просечен животен век на жените изнесува 87, а на мажите 80 години. Резултатите од истражувањата на СЗО покажуваат дека Јапонците во просек до 75-тата година живеат без здравствени проблеми.
Јапонија е држава во која најмногу се работи, во просек 1.745 часови годишно, меѓутоа најголема заслуга за долговечноста кај јапонскиот народ има нивната исхрана, која претежно се состои од сирова риба и зеленчук.
Комбинацијата од мали количини ниско калорична храна придонесува за здравјето на овие луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.