Левото крило на Металург и македонската ракометна репрезентација сосема заслужено се најде во идеаланиот состав од осмото коло во Лигата на шампионите.
Манасков го одигра својот најдобар натпревар за Металург постигнувајќи осум голови на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ против Мешков Брест.
Покрај Манасков, место во овој идеален тим се најде и за Патри Грецки од Некар Ловен (десно крило), Камил Пипржак (Висла Плок) и голманот на Шафхаузен, Никола Портнер, додека бековската линија ја сочинуваат Александар Деревен (Чеховски медведи), Жоан Канелјас (Кил) и Холгар Гландорф од редовите на Фленсбург.
Во категоријата за најдобри пет голови Манасков се најде на второто место.
Најубавите пет погодоци од осмото коло во Лигата на шампионите можете да ги проследите во следното видео:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)