Македонскиот репрезентативец и член на МЗТ Скопје Дамјан Стојановски најверојатно ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Тој на натпреварот против Левски во рамките од АБА лигата се повреди и со болна гримаса на лицето беше изнесен од паркетот од страна на своите соиграчи.
Докторот Николиќ кој е задолжен за сите здравствени проблеми во македонскиот шампион изјави дека се работи за повреда на лигамантите на коленото и по се изгледа дека Стојановски ќе мора да оди на операција што значи и подолг период за рехабилитација.
Ваквите типови на повреди значат дека период потребен за да се врати играчот на теренот е повеќе од шест месеци.
Тоа значи дека Дамјан со сигурност ја заврши оваа сезона, но уште полошо сценарио е дали тој ќе успее да се врати комплетно заздравен до почетокот на Европското првенство што се игра во септември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


