Договорено е потпишување нова инвестиција со американска компанија во Технолошката-индустриска развојна зона Скопје, во вредност од 18 милиони евра и минимум 400 директни вработувања, најави премиерот Никола Груевски на обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
– Наскоро, на 19 декември, ќе потпишеме нова инвестиција со позната компанија од САД и во светот за воздушни перничиња, со мошне висока технологија. Ќе има минимум 400 директни вработувања, а инвестицијата е од 18 милиони евра, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека на ова се работело речиси три години.
Тој изрази надеж дека до Нова година ќе биде во можност да објави уште најмалку една голема инвестиција во еден од поголемите градови во внатрешноста, каде, како што рече, досега не е изградена нова фабрика, а на што деновиве многу се работело и е во завршна фаза на реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме