Екипата на Интер продолжува со резултатската криза. Вечeрва на Сан Сиро беа поразени од Удинезе со 1-2.
Интер важеше за благ фаворит во овој натпревар, но и по доаѓањето на тренерот Манчини на клупата воопшто не се подобри ситуацијата.
Мауро Икарди го доведе Интер во водство во самиот финиш на првото полувреме во 44 минута. Во првиот дел Интер ја имаше иницијативата, но не успеа да реализира неколку добри прилики за гол.
Во вториот дел иста слика како од крајот на првото полувреме. Интер повторно нападна, но без реализација. Во последните моменти од нападот правеа грешки и не ги реализираа шансите.
Тоа го искористи Удинезе кој сосема заслужено се враќа дома со целиот плен.
Фернандес во 60 минута зафати еден волеј удар од работ на шеснаесетикот го погоди небратнетиот дел од мрежата на Хандановиќ. По само 11 мунути голема грешка на комплетната одбрана на „нерозазурите“. Тоа го искористи Тереау кој излезе сам пред голманот на Интер, лесно го помина и постигна погодок во празната мрежа.
Со оваа победа Удинезе по 14 кола во Серија А лигата се искачи на осмото место на табелата, а Интер падна на 12 место.
Mauro Icardi Goal ~Inter 1-0 Udinese ~ 07/12… by rubin7190
Bruno Fernandes Fantastic Volley Goal ~ Inter 1… by rubin7190
Cyril Thereau Goal ~ Inter 1-2 Udinese ~ 07/12… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




